Пракса во Мегантик - Лето 2024

post-img

Мегантик, фирма која е специјализирана во областа на Search Engine Optimisation на eCommerce websites, нуди можност летна пракса за средношколци. Канцелариите на Мегантик Македонија се сместени во Струмица кадешто ќе биде одржана праксата.

Ова е одлична можност за амбициозни ученици кои сакаат да научат како се практикува SEO оптимизирање на вебстрани - како да бидат подостапни низ пребарувачите, и како изгледа целиот процес со работа на реални проекти.


Што ќе научите за време на праксата во Мегантик?

  • Onpage & Offpage SEO
  • Градење на линкови
  • Што се backlinks и зошто се користат
  • Типови на backlinks
  • Стратегии за блог-постирање.

Кои ќе бидат вашите активности за практичната работа во Мегантик?

  • Во Мегантик нема да бидете само набљудувач; ќе бидете активен учесник во проекти и SEO задачи
  • Редовно ќе го пополнувате вашиот дневик по практична настава
  • Ќе го поминувате времето во пријатна и динамична атмосфера со професионален и амбициозен тим од млади луѓе
  • Ќе работите со ментори

Времетраењето на летната средношколска пракса ќе трае 10 работни дена, од 2 до 3 недели, во текот на летниот период, од Јуни до Август, во зависност во договорот со менторот.

Доколку сте заинтересирани или имате некои дополнителни прашања контактирајте не на следниот мејл: afrodita.trajkova@megantic.net.au
За учество на праксата, потребна е документација која треба да ја подигнете од професорите за пракса.

 

Пополни ги следните информации за пријава

 

    Пријава за настанот